Слушателите за ова ниво се карактеризираат како способни јазични корисници. Знаењата постигнати во претходните нивоа им даваат можност да поседуваат ефективно оперативно знаење (Effective Operational Proficiency). Имаат пристап до еден широк јазичен опсег, кој им овозможуваат да комуницираат слободно и спонтано. Воопшто, со леснотија користат непрекинат говор.
Слушателите се стекнуваат со способноста да го разбираат и користат грчкиот јазик до таков степен, што може да одговараат јазично на состојби во кои е многу веројатно да се впуштат, било како посетители или жители на Грција, Кипар или региони каде се користи грчкиот јазик како средство за комуникација (грчки заедници во други земји) или уште доколку среќаваат во својата земја посетители, но и привремени или постојани жители кои го користат грчкиот јазик.
Ситуациите во кои може да се впуштат, освен практичните размени од секојдневниот живот, се оние кои произлегуваат од личната, непосредна комуникација со цел воспоставување и одржување на општествени контакти или посредна и непосредна комуникација за извршување на задачи поврзани со различни области од јавниот живот (компании, образование, заштита итн.).
Поконкретно, слушателите ќе ја имаат способноста да разбираат еден широк спектар на содржини од усмен или писмен говор, кои се опширни и исцрпни и да препознаваат посредни информации кои се содржат во истите. Ќе бидат во можност да сумираат информации од различни усни или пишани извори, да реструктуира и да презентира на кохерентен начин аргументи и појаснувања. Исто така, ќе бидат способни да се изразува спонтано, без потреба од пребарување на точните изрази, а со степен на формалност или блискост соодветен на секој контекст.