За нас

за здружението

Здружението ПЕЛАГОНИЈА се наоѓа во историскиот центар на Битола и низ својот широк спектар на активности овозможува запознавање со грчкиот јазик и грчката култура низ сиот историски континуум. Здружението е основано во 1998 година од група љубители на грчкиот јазик, грчката култура и нивните безвременски и интернационални вредности. Од тогаш до денес претставува синоним за институционално изучување на грчкиот јазик и  непосредно запознавање на грчката култура во Република Северна Македонија.

8

курсеви Online

интернационални соработки

25

Години искуство

Образовни активности

Од својот почеток до денес Здружението, како вистински образовен центар, се стреми кон оптимална институционална организација на курсеви по грчки јазик за сите јазични нивоа, согласно Заедничката Европска Референтна Рамка за Јазиците. За постигнување на оваа цел се користат најсовремените сертифицирани наставни методи и програми. На тој начин нашите курсисти се запознаваат, директно и во реално време, со светските текови и трендови на пристапот кон грчкиот јазик како странски.

Сертификати

Потребата за сертифицирање на познавањето на грчкиот јазик, го поттикна основањето на единствениот валиден, сертифициран и признат испитен центар во светски рамки, кој функционира во рамките на нашето Здружение од Декември 2016 година.

Студии

Благодарение на нашето членство кое во голема мера се состои од алумни на грчки универзитети, нудиме помош и совети за упис на студии во Грција, но и насоки за можностите за стипендирање од различни институции и фондации, благодарение на нашето лично искуство и пријателски контакти.

mk_MK