Услови за аплицирање
- Апликациите за учество на испитите се поднесуваат само во временскиот период кој е одреден за секоја испитна сесија.
- Право на полагање имаат оние кандидати кои имаат полни 8 (осум) години возраст на 31 Мај во тековната година.
- Кандидатите за испит за ниво А1 за деца од 8-12 години треба да имаат полни 8 (осум) години возраст и да не надминуваат 12 (дванаесет) на 31 Мај во тековната година.
- Дозволено е учество на испити за повеќе од едно јазично ниво, доколку се уплати износот кој соодветствува на секое ниво.
- Во никој случај и од никоја причина не се враќаат средствата уплатени за испитите.
- Во никој случај не е дозволена замена на еден кандидат со друг кој не аплицирал за учество на испитите.
- Само за кандидати со посебни потребни се предвидени прилагодувања поврзани со испитите. Прилагодувањата се вршат за секој случај одделно и само после пополнување на специјалната за тоа апликација и приложување на соодветната предвидена документација.
- Името и презимето на кандидатите треба да бидат запишани со големи букви на начин на кој сака кандидатот да бидат напишани на Сертификатот.
- Кандидатите треба да ги запишуваат многу внимателно нивоата за кои сакаат да полагаат испит. Не се признава грешка за погрешно внесено ниво по потврдувањето на апликацијата.
- Промена на испитниот центар од страна на кандидатите е дозволена само во посебни случаи, по оправдано барање, преку нивниот испитен центар до Центарот за Грчки Јазик и најмалку 1 (еден) месец пред датумот на полагање на испитот.
- Заедно со апликацијата кандидатите имаат обврска да пополнат и еден прашалник.
- Кандидатите изјавуваат дека му го отстапуваат на Центарот за Грчки Јазик правото на обработка, за цели поврзани со испитите, на нивните лични податоци, онака како што ги пополнуваат на апликацијата и прашалникот. Дополнително, кандидатите дозволуваат употреба на податоците од прашалникот, снимката од усниот дел од испитот и тетратката за полагање на писмениот дел за научно-истражувачки цели. Се нагласува дека секоја научно-истражувачка обработка на погоренаведените податоци се врши анонимно, односно со отстранување на личните податоци на кандидатите.
Резултати од испитите
- За да се издаде сертификат за познавање на грчкиот јазик, кандидатот треба да ги положил сите компетенции кои подлежат на проверка преку испитот. Доколку не положил само една компетенција, целосниот резултат од испитот е негативен.
- За да добие позитивна оцена на испитот, кандидатот треба да се стекне со најмалку 60% единиците кои соодветствуваат на секоја компетенција.
- Вкупното оценување на кандидатите кои успешно одговориле на испитните задачи не се појавува на сертификатите со цифра, туку со карактеризирање: „Добро – Καλώς“ (60-72 %), „Многу Добро – Λίαν Καλώς“ (73-85%) и „Одлично – Άριστα“ (86-100%).
- Аналитичките резултати кои ги добива испитниот центар прикажуваат во кои компетенции покажал позитивен или негативен исход кандидатот, со показателите „Επιτυχία“ (Успех) и „Αποτυχία“ (Неуспех).
- Кандидатите се известуваат за успехот од страна на испитниот центар за нивниот резултат од испитите или самите се информираат од интернет страната за сертифицирање на грчкиот јазик .
- Во случај на неуспех, кандидатите имаат право во претходно одреден временски рок да побараат повторно прегледување на нивните тетратки, уплаќајќи притоа износ од 60€ на бакнарска сметка која ќе биде посочена од страна на Центарот за Грчки Јазик.
- Сертификатите на кандидатите кои успешно ги положиле испитите се испраќаат во испитниот центар, кој има обврска да ги проследи до кандидатите.
- Во случај некој кандидат да ја промени адресата на живеење, има обврска навремено да го извести испитниот центар.
- Во случај на губење на сертификатот, носителот може да побара од Центарот за Грчки Јазик повторно издавање, уплаќајќи го предвидениот износ за тоа. Во барањето треба да биде наведена причината заради која се бара повторно издавање на сертификатот.
Што треба да знаат кандидатите за време на испитите
- Кандидатите треба да го знаат кодот на испитниот центар и својот личен код, датумот, времето и просторијата на одржување на испитот. Овие информации им се обезбедуваат на кандидатите навремено од страна на нивниот испитен центар.
- Во случај одговорните да изостават да им ги обезбедат овие информации, кандидатите имаат обврска сами да ги побараат.
- Кандидатот има обврска да биде присутен во просторијата за испит најмалку 15 (петнаесет) минути пред почетокот на испитот и треба да носи со себе валиден документ за лична идентификација (лична карта, пасош, возачка дозвола итн.), кој се покажува онаму каде ќе биде побарано.
- Кандидатите не смеат да имаат со себе во просторијата на испитот речник, книги, лисја, и воопшто било каков предмет освен пенкало, молив и гума.
- Мобилните телефони треба да бидат исклучени и ставени во ташна или џеб за цело времетраење на испитот.
- Кандидатите треба да ги пишуваат своите одговори само со сино или црно пенкало. Молив може да се користи само на помошен лист, а како помошен лист може да бидат употребени празните страни од испитните тетратки. Помошните белешки добро е да се бришат пред предавањето на испитните тетратки.
- Забранета е употребата на течност за корегирање. Грешките можат да бидат прецртани со една црта.
- За време на испитите кандидатите не смеат да зборуваат и да ги вознемируваат оние околу себе.
- Кандидатот треба да го напише своето име и личен код читко на испитните тетратки.
- Доколку испитната тетратка која ја добива кандидатот е различна, има пропусти, не е добро испечатена или има било каков проблем, треба да побара од посматрачот друга тетратка.
- За време на писмените испити не се прави пауза и кандидатот не може да ја напушти просторијата пред крајот на писмените испити. Може да излезе од просторијата заради сериозна причина и само во придружба на својот посматрач.
- Доколку некој од кандидатите ги прекрши погоренаведените правила, соодветно на сериозноста на прекршокот, возможно е поништување на неговиот испит и да биде прогласен за неположен. Уплатените средства не се враќаат.