В1

В1

просечно познавање

60'

Времетраење на часот

72

Број на часови годишно

2 год

Времетраење на курсот

10.000 MKD

Годишна цена на курсот

Опис на курсот

Слушателите за нивоата А1 и А2 се карактеризираат како основни корисници на јазикот. Нивото В1 е првото од сите шест нивоа на јазично познавање кое го карактеризира корисникот на јазикот како независен и може да се смета за клучно ниво. Слушателот од ова ниво може да опстојува самостојно и функционално во вообичаени комуникациски контексти.

Слушателите се стекнуваат со способноста да одговараат јазично на ситуации од непосредни секојдневни размени за кои употребата на грчкиот јазик е во голема мера стабилна, предвидлива и се повторува. Во текот на комуникацијата корисниците на јазикот воспоставуваат и одржуваат општествени и деловни контакти. Во ситуации на непосредна комуникација, оние кои го завршуваат овој курс треба да можат да ја разбираат суштината и одредени детали на еден вербален или писмен текст.
Слушателите треба да ги познаваат уште и соодветните општествени навики, вербални (да ги познаваат јазичните начини за привлекување на вниманието на останатите, да се обраќаат на своите соговорници/соговорнички, да земаат збор, да ја заокружуваат комуникацијата, да избираат степен на формалност итн.) и невербални (да ги познаваат начините на физички контакт, ракување, бакнување, гестикулации), да бидат запознати до одреден степен со основните карактеристики на современата грчка култура, особено со она што се однесува на секојдневниот живот, условите за живот, меѓучовечките односи, општествениот живот, основните вредности и менталитети.

Материјал за курсот

За слушателите е достапен оригинален учебник со CD по повластена цена.

Начин на настава

Часовите се одвиваат во група или индивидуално во просториите на Здружението „Пелагонија“ и online за слушатели од други градови.

Сертификат

Секој заинтересиран има право да полага испит за стекнување со меѓународен сертификат.

Начин на плаќање

Готовинска уплата на трансакциска сметка или по фактура, на 10 рати од 800 денари месечно, од кои прва рата во Септември и десетта во Јуни.

Образовни цели

Разбирање на говор

    • Разбирање на главните делови и детали од едноставен говор
    • Познати теми во врска со работа, образование, забава
    • Разговор помеѓу природни и неприродни говорители
    • Јавни известувања или информации (автобуска и железничка станица, аеродром)
    • Пораки и информации преку телефон (возен ред, „телефонска секретарка“)
    • Временска прогноза (на радио и тв)
    • Информации за состојба на патиштата
    • Реклами
    • Упатства од службеници
    • Опис на настани, предмети, простории
    • Радио и тв емисии
    • Усен говор во врска со: животот, услови за живот, професија, образование, пазар, општествени односи

Разбирање на текст

    • Читање и разбирање на кратки пишани текстови
    • Упатства за употреба
    • Знаци на патот
    • Радио, телевизиски и театарски програми
    • Известувања
    • Возен ред
    • Кратки натписи
    • Белешки
    • Едноставни колумни во пишани медиуми
    • Огласи за нудење и барање на работа
    • Формална или лична кореспонденција која се однесува на описот на луѓе, предмети, простории, настани, реакции, желби

Пишување

    • Едноставни пријателски текстови
    • Едноставни пораки (честитки, покани, благодарници)
    • Формални писма за незадоволство, резервации
    • Барање за работа
    • Извештај за одредена незгода
    • Едноставен опис на лица, настани, простории
    • Лични ставови и впечатоци

Зборување

    • За едноставни секојдневни теми
    • Личен живот
    • Исхрана, престој, превоз
    • Купување на производи и услуги
    • Образование
    • Здравствени проблеми
    • Професионален и општествен живот
    • Забава
    • Комуникација со: државни служби (полиција, царина), центри за иформирање (железнички, автобуски, авионски, морски сообраќај)
    • Изразување на позитивни или негативни емоции
    • Барање и давање на совети
    • Опис на искуства и настани
    • Изразување и појаснување на ставови и планови
    • Раскажување на приказни, книги, филмови
    • Започнување и завршување на еден разговор
    • Земање, продолжување и затворање на збор
mk_MK