Употреба на сертификатот

Сертификатот за познавање на грчкиот јазик е потребен:

  • за објективно и специјализирано вреднување на познавањето на грчкиот јазик како странски/втор
  • ја нуди можноста на говорителите на грчкиот јазик да добијат мислење од страна на квалификуван и објективен евалуатор за нивото на нивните знаења

за професионални цели:

  • го докажува нивото на познавање на грчкиот јазик на неговиот носител на пазарот на трудот
  • претставува предуслов за извршување на различни занимања и стекнување со дозвола за работа во Грција. Нивото на познавање го определува секој професионален сектор врз основа на своите потреби

за студии:

  • им нуди можност на странските студенти кои се носители на сертификат за јазично ниво В2 да се запишат на грчка високообразовна институција
  • оние заинтересирани за студии на грчка високообразовна институција или високообразовна институција каде наставата е на грчки јазик, треба да исконтактираат со институцијата каде сакаат да студираат и да се информираат за нивото на познавање кое треба да го докажат со цел следење на пожелуваниот циклус на студии

за работа во јавен сектор

  • сертификатот за ниво Г1 има ја нуди можноста на граѓани на Европската Унија да докажат многу добро познавање и слобода во користењето со грчкиот јазик со цел аплицирање за работно место во грчкиот јавен сектор.
  • Дополнително, доказ за познавање на грчкиот јазик за вработување во јавниот сектор треба да приложат:
    • странски државјани од земји кои не се членки на Европската Унија, за кои е дозволено вработување во предвидените случаи согласно одредени закони
    • оние кои се заинтересирани за стекнување со грчко државјанство
    • грчки иселеници

за обезбедување на дозвола за траен престој

  • заинтересираните за сертификат од јазично ниво А2 од оваа категорија на кандидати се упатуваат на комуникација со Центарот за Грчки Јазик во Тесалоники (КЕГ)

за вклучување на Сертифицирањето на Познавањето на Грчкиот Јазик во програмата Seal of Biliteracy на САД

  • во САД, сертификатот за познавање на грчкиот јазик се поврзува непосредно со Seal of Biliteracy претставува еден вид награда која се доделува од страна на една Регионална Образовна Управа, една Сојузна Држава и понекогаш од едно училиште на ученици од државните средни училишта на САД кои имаат прикажано висок степен на познавање на еден или повеќе странски јазици, освен англискиот, при нивното матурирање. Најчесто се отпечатува во вид на печат на нивната Диплома и како посебна прибелешка во свидетелството за оцени, а покажува дека ученикот/ученичката се стекнал/а со комуникациска способност на еден странски јазик. За упис во државните Колеџи и Универзитети, како и за работодавците,  Seal of Biliteracy претставува доказ за познавање на јазик за кандидатите и им дава значителна предност во академската и професионалната средина, наспроти нивните конкуренти.

Сертификатот за грчки јазик е вклучен во програмата на Seal of Biliteracy на следните сојузни држави:

mk_MK