Г1

Г1

многу добро познавање

60'

Времетраење на часот

72

Број на часови годишно

2 год

Времетраење на курсот

11.000 MKD

Годишна цена на курсот

Опис на курсот

Слушателите за ова ниво се карактеризираат како способни јазични корисници. Знаењата постигнати во претходните нивоа им даваат можност да поседуваат ефективно оперативно знаење (Effective Operational Proficiency). Имаат пристап до еден широк јазичен опсег, кој им овозможуваат да комуницираат слободно и спонтано. Воопшто, со леснотија користат непрекинат говор.

Слушателите се стекнуваат со способноста да го разбираат и користат грчкиот јазик до таков степен, што може да одговараат јазично на состојби во кои е многу веројатно да се впуштат, било како посетители или жители на Грција, Кипар или региони каде се користи грчкиот јазик како средство за комуникација (грчки заедници во други земји) или уште доколку среќаваат во својата земја посетители, но и привремени или постојани жители кои го користат грчкиот јазик.
Ситуациите во кои може да се впуштат, освен практичните размени од секојдневниот живот, се оние кои произлегуваат од личната, непосредна комуникација со цел воспоставување и одржување на општествени контакти или посредна и непосредна комуникација за извршување на задачи поврзани со различни области од јавниот живот (компании, образование, заштита итн.).
Поконкретно, слушателите ќе ја имаат способноста да разбираат еден широк спектар на содржини од усмен или писмен говор, кои се опширни и исцрпни и да препознаваат посредни информации кои се содржат во истите. Ќе бидат во можност да сумираат информации од различни усни или пишани извори, да реструктуира и да презентира на кохерентен начин аргументи и појаснувања. Исто така, ќе бидат способни да се изразува спонтано, без потреба од пребарување на точните изрази, а со степен на формалност или блискост соодветен на секој контекст.

Материјал за курсот

За слушателите е достапен оригинален учебник со CD по повластена цена.

Начин на настава

Часовите се одвиваат во група или индивидуално во просториите на Здружението „Пелагонија“ и online за слушатели од други градови.

Сертификат

Секој заинтересиран има право да полага испит за стекнување со меѓународен сертификат.

Начин на плаќање

Готовинска уплата на трансакциска сметка или по фактура, на 10 рати од 1.000 денари месечно, од кои прва рата во Септември и десетта во Јуни.

Образовни цели

Разбирање на говор

    • Разбирање на долг говор, дури и при брз ритам
    • Извлекување на посредни информации од разговор во врска со непознати теми со многу соговорници
    • Следење на предавања
    • Препознавање на структурата на еден говор
    • Разбирање на целите на соговорниците
    • Препознавање на шеги, предупредувања, претставувања, закани
    • Препознавање на преносната смисла на јазикот заедно со паралингвистичките елементи
    • Следење на една театарска претстава или филм

Разбирање на текст

    • Специјализирани текстови
    • Научни текстови со детални технички упатства
    • Современи литературни текстови, препознавајќи стилски разлики
    • Коментари во врска со современи проблеми
    • Скриени пораки во текстови
    • Препознавање на централните идеи и извлекување на информации од помалку важните
    • Употреба на контекстот за разбирање на непознати зборови
    • Независно користење на помошен материјал како речници, граматички книги, енциклопедии итн.
    • Следење на грчки превод од странски филмови

Пишување

    • Пишување на текстови со организиран и јасен концепт
    • Произведување на комплексен текст за опис или раскажување (колумни, извешштаи, абстракт, писма, критика за дело итн.)
    • Употреба на соодветен стил и широк спектар на јазични структури, идиоматски изрази и специјализиран вокабулар со цел конкретизирање на поимите

Зборување

    • Развој на аргументи со соодветен стил при разговор
    • Употреба на конструкции со преносно значење
    • Појаснување, објаснување на некој дел од личниот говор
    • Дистинкција и употреба на изрази за формалност и блискост
    • Изразување на широк спектар на емоции
    • Размена на конкретни информации
    • Учество во сите видови на разговори и разбирање на идиоматски изрази
    • Конкретно изразување
    • Коментирање на одредена тема
    • Опис на настани, лични искуства, производи
    • Раскажување
    • Дефинирање и презентација на абстракт
    • Презентирање на претпоставки и заклучоци
    • Презентирање на планови и одлуки
mk_MK