А1 за адолесценти и возрасни
елементарно познавање

60'
Времетраење на часот
72
Број на часови годишно
1 год
Времетраење на курсот
9.000 MKD
Годишна цена на курсот
The Greek Language in North Macedonia
елементарно познавање
Времетраење на часот
Број на часови годишно
Времетраење на курсот
Годишна цена на курсот
Слушателите кои го изучуваат нивото А1 се очекува на крајот од курсот да располагаат со способноста да разбираат и употребуваат секојдневни јазични структури кои им се блиски, како и многу основни изрази кои имаат за цел опслужување на конкретни потреби. Учат како да се претставуваат и да претставуваат други лица, како и да прашуваат и одговараат на прашања кои се однесуваат на лични податоци, како што се местото на живеење, лица кои ги познаваат и работи кои ги поседуваат. Исто така, се оспособуваат да разменуваат мислења на едноставен начин, но под услов соговорникот/соговорничката да зборува бавно и јасно и да е расположен/а да помогне во комуникацијата.
Слушателите учат да разменуваат информации за себе и за блиски лица, да ги задоволуваат своите секојдневни потреби (купување на намирници, контакт со служби), да стекнуваат и да одржуваат општествени и деловни контакти (претставување, покани, забава). Слушателите за ова ниво ќе бидат во можност да комуницираат најпрво усно, особено во меѓучовечката комуникација, но и во онаа каде е потребна употреба на телефон или некое од средствата за колективна комуникација.
Следствено на ова, каде што е потребно, слушателите ќе ја разбираат суштината или/и соодветните детали од текстови напишани на многу едноставен и јасен јазик и на ист начин ќе можат да се изразуваат и самите писмено.
За слушателите е достапен оригинален учебник со CD по повластена цена.
Часовите се одвиваат во група или индивидуално во просториите на Здружението „Пелагонија“ и online за слушатели од други градови.
Секој заинтересиран има право да полага испит за стекнување со меѓународен сертификат.
Готовинска уплата на трансакциска сметка или по фактура, на 10 рати од 800 денари месечно, од кои прва рата во Септември и десетта во Јуни.