Следејќи го курсот за ниво А2, слушателите се стекнуваат збогатени компетенции во однос на оние кои го завршиле курсот за ниво А1. Најголем акцент во оваа фаза од изучувањето на грчкиот јазик се става на збогатување на личниот вокабулар, дополнет со граматички содржини кои го олеснуваат изразувањето.
Изучувајќи го ова ниво, слушателите ќе ја поседуваат основната комуникациска вештина, односно да го користат грчкиот јазик при усмен и писмен говор, официјален или пријателски, за да ги покриваат своите секојдневни потреби и комуникациски ситуации. Ќе бидат во можност да разбираат реченици и изрази кои се појавуваат често и се поврзани со лични и семејни податоци, пазарење, забава итн. Ќе можат да комуницираат користејќи основни јазични вештини при секојдневни состојби/услови, кои бараат едноставна и непосредна размена на информации во врска со познати теми. Уште, ќе се стекнат со способности за разменување на информации за познати теми, секојдневие или непосредна потреба.