В1
просечно познавање
60'
Времетраење на часот
72
Број на часови годишно
2 год
Времетраење на курсот
10.000 MKD
Годишна цена на курсот
The Greek Language in North Macedonia
просечно познавање
Времетраење на часот
Број на часови годишно
Времетраење на курсот
Годишна цена на курсот
Слушателите за нивоата А1 и А2 се карактеризираат како основни корисници на јазикот. Нивото В1 е првото од сите шест нивоа на јазично познавање кое го карактеризира корисникот на јазикот како независен и може да се смета за клучно ниво. Слушателот од ова ниво може да опстојува самостојно и функционално во вообичаени комуникациски контексти.
Слушателите се стекнуваат со способноста да одговараат јазично на ситуации од непосредни секојдневни размени за кои употребата на грчкиот јазик е во голема мера стабилна, предвидлива и се повторува. Во текот на комуникацијата корисниците на јазикот воспоставуваат и одржуваат општествени и деловни контакти. Во ситуации на непосредна комуникација, оние кои го завршуваат овој курс треба да можат да ја разбираат суштината и одредени детали на еден вербален или писмен текст.
Слушателите треба да ги познаваат уште и соодветните општествени навики, вербални (да ги познаваат јазичните начини за привлекување на вниманието на останатите, да се обраќаат на своите соговорници/соговорнички, да земаат збор, да ја заокружуваат комуникацијата, да избираат степен на формалност итн.) и невербални (да ги познаваат начините на физички контакт, ракување, бакнување, гестикулации), да бидат запознати до одреден степен со основните карактеристики на современата грчка култура, особено со она што се однесува на секојдневниот живот, условите за живот, меѓучовечките односи, општествениот живот, основните вредности и менталитети.
За слушателите е достапен оригинален учебник со CD по повластена цена.
Часовите се одвиваат во група или индивидуално во просториите на Здружението „Пелагонија“ и online за слушатели од други градови.
Секој заинтересиран има право да полага испит за стекнување со меѓународен сертификат.
Готовинска уплата на трансакциска сметка или по фактура, на 10 рати од 800 денари месечно, од кои прва рата во Септември и десетта во Јуни.