В2

В2

добро познавање

60'

Времетраење на часот

72

Број на часови годишно

2 год

Времетраење на курсот

10.000 MKD

Годишна цена на курсот

Опис на курсот

Слушателите кои ќе го изучат ова ниво се карактеризираат како независни корисници, со поголема комоција при употребата на јазикот во споредба со слушателите кои го изучиле нивото В1. Ги имаат подобрено веќе развиените комуникациски вештини кои биле стекнати од претходните нивоа и тоа им дава можност за поголема конкретност при употребата на јазикот. Ја надминуваат во поголема мера јазичната самостојност, поседуваат самокритика во однос на своите јазични грешки, корегираат евентуални лапсузи и ја развива способноста на континуиран говор.

За запишување на студии во Република Грција, согласно постоечките регулативи, еден кандидат мора да поседува сертификат за познавање на јазично ниво В2. 

Курсевите за слушателите кои се заинтересирани за студии на грчки универзитети претставуваат комбинација од активности, и тоа:

– Активно изучување на грчкиот јазик со употреба на печатени и електронски ресурси,

– Советодавна работа со потенцијалните студенти во врска со начините на запишување, ресурсите за стипендии, различните предизвици со кои се соочува и би можел да се соочи еден студент во Р. Грција. Овие информации се засноваат врз споделување на искуства од поранешни и активни македонски студенти во Грција, а кои се активни членови на Здружението.

Материјал за курсот

За слушателите е достапен оригинален учебник со CD по повластена цена.

Начин на настава

Часовите се одвиваат во група или индивидуално во просториите на Здружението „Пелагонија“ и online за слушатели од други градови.

Сертификат

Секој заинтересиран има право да полага испит за стекнување со меѓународен сертификат.

Начин на плаќање

Готовинска уплата на трансакциска сметка или по фактура, на 10 рати од 1.000 денари месечно, од кои прва рата во Септември и десетта во Јуни.

Образовни цели

Разбирање на говор

    • Следење на продолжен говор, предавања
    • Комплексни појаснувања на познати теми
    • Информативни програми на радио и тв
    • Разговори помеѓу најмалку четири природни говорители
    • Говори кои се произведуваат дури и во бучни средини со нормален ритам на зборување и со локален или општ дијалект
    • Фонетски непознати зборови
    • Информации од начинот на изговор, нагласување итн.

Разбирање на текст

    • Текстови кои содржат јасна јазична и знаковна структура
    • Препознавање на суштината од деталите во текстовтие
    • Препознавање на целта на извадоци од текстови, весници, списанија, правилници, официјални писма
    • Употреба на стратегии за разбирање на коментари, наслови, сликовити прикази, и контексти, независно од постоењето на непознати зборови

Пишување

    • Јасни, детални описи или раскажување на текстови за теми од секојдневните искуства
    • Трудови
    • Коментари, информации или појаснувања со логичко следство на мислата или спростивставување на ставови
    • Писма во кои се нагласува личното мислење за настани и искуства

Зборување

    • Разговарање со релативна комоција и конкретност за широк спектар на теми поврзани со личните интереси
    • Производ на говор со кратко траење за поддршка на лични мислења со аргументи
    • Точно презентирање на идеи, потреби и цели
    • Употреба на стратегии за одговор на ситуации кои ги надминуваат личните вербални или невербални способности
    • Обезбедување на соработка од страна на соговорниците со цел подобра комуникација
    • Извршување на јазични функции со комоција
    • Употреба на проширен вокабулар
    • Употреба на богати јазични структури
mk_MK