Г2
одлично познавање

60'
Времетраење на часот
72
Број на часови годишно
2 год
Времетраење на курсот
11.000 MKD
Годишна цена на курсот
The Greek Language in North Macedonia
одлично познавање
Времетраење на часот
Број на часови годишно
Времетраење на курсот
Годишна цена на курсот
Ова ниво на јазични резултати кај кандидатите се карактеризира како особено високо. Не постои никаква потешкотија при разбирање на било каков усен или писмен говор и самите тие можат да произведат јасен, течен и точно структуриран усен или писмен говор. Поседувајќи еден широк вокабуларен репертоар и граматичка контрола врз комплицираните структури, можат да следат или да разговараат слободно и соодветно во сите области од општествениот и личниот живот.
Слушателите кои го завршиле успешно ова ниво се карактеризираат како „апсолутно способни корисници на јазикот“ и се во можност да пренесуваат тенки семантички нијанси со прецизност, користејќи успешно еден широк спектар на прилагодливи механизми. Познаваат идиоматски изрази и поими од секојдневниот говор, покажувајќи свесност за преносните значења. Се самоевалуираат и самокорегираат со цел да надминат некоја потешкотија, до толку што соговорниците тешко забележуваат.
Слушателите од ова ниво ќе бидат во можност да одговараат на сите комуникациски потреби од било кој контекст, било да станува збор за слушање каде што постојат интервенции, промени, шумови од околината, па дури и специфичен изговор кај (со)говорниците, било да се работи за разбирање на лошо испечатен текст или тежок ракопис. Според тоа, се очекува да можат да разбираат со леснотија сѐ што слушаат или читаат, вклучувајќи и специфичности на секојдневниот говор, шеги и културолошки коментари. Исто така, ќе бидат во можност да ги користат сите извори на информации со самодоверба и веродостојно, а ќе се справуваат успешно со било која тема во писмениот или усниот говор со спонтано изразување и голема слобода и точност.
За слушателите е достапен оригинален учебник со CD по повластена цена.
Часовите се одвиваат во група или индивидуално во просториите на Здружението „Пелагонија“ и online за слушатели од други градови.
Секој заинтересиран има право да полага испит за стекнување со меѓународен сертификат.
Готовинска уплата на трансакциска сметка или по фактура, на 10 рати од 1.000 денари месечно, од кои прва рата во Септември и десетта во Јуни.