А1 за деца од 8-12 години

А1 за деца од 8-12 години

елементарно познавање

40'

Времетраење на часот

72

Број на часови годишно

2 год

Времетраење на курсот

9.000 MKD

Годишна цена на курсот

Опис на курсот

Курсевите за деца од 8-12 годишна возраст подразбираат стекнување со знаења предвидени за ниво А1 (за деца од 8-12 години). Истите можат да се стекнат преку два различни пристапи, и тоа:

  1. Учење преку метод на електронски интерактивни игри, специјализирани за возраста со цел брзо запомнување и користење на готови изрази од секојдневието. Овој пристап подразбира вербална комуникација со едукаторот, во комбинација со самостојна работа на компјутер преку посебни алатки-игри кои го поттикнуваат детето преку повратните информации за постигнатите знаења.
  2. Kомбиниран пристап на традиционално учење со користење на интернет-алатки за поголема интеракција и организација на знаењето. Овој пристап подразбира детално и постепено запознавање со правописот и правоговорот на грчкиот јазик.

Изборот на пристапот се одредува според желбата на децата и родителите, а во консултација со едукаторот.

Материјал за курсот

За слушателите е достапен оригинален учебник со CD по повластена цена.

Начин на настава

Часовите се одвиваат во група или индивидуално во просториите на Здружението „Пелагонија“ и online за слушатели од други градови.

Сертификат

Секој заинтересиран има право да полага испит за стекнување со меѓународен сертификат.

Начин на плаќање

Готовинска уплата на трансакциска сметка или по фактура, на 10 рати од 800 денари месечно, од кои прва рата во Септември и десетта во Јуни.

Образовни цели

Разбирање на говор

    • Разбирање на одделни зборови и изрази кои се однесуваат на ученикот, непосредната околина (луѓе и градби)
    • Препознавање на основни информации
    • Разбирање на упатства
    • Следење на кратки, едноставни насоки
    • Одговарање на едноставни прашања

Разбирање на текст

    • Препознавање на големи и мали букви, зборови, едноставни реченици, познати имиња
    • Читање на видовите на продавници, називи на производи во продавниците
    • Разбирање на многу едноставни реченици, кратки текстови, картички, секојдневни пораки
    • Едноставен опис и упатства со оптички помошни средства
    • Следење на кратка и едноставна приказна

Пишување

    • Опишување себеси, домот, училиштето, соседството
    • Кратки текстови, картички, пораки
    • Опис на настан со помош на слики или дијалози
    • Размена на лични податоци

Зборување

    • Претставување, поздравување, поставување прашања, одговор на едноставни прашања
    • Опишување себеси и познати лица
    • Претставување себеси, лични интереси и непосредната околина (семејство, пријатели, дом, училиште)
    • Поставување на прашања за време и место
mk_MK