Индивидуалните часови се организираат во договор со заинтересираните лица, за било кое јазично ниво. Образовните цели зависат од потребите на кандидатот/кандидатката.
Овие часови се идеални за лица кои сакаат да го дополнат своето знаење со специфичен вокабулар од одредена научна или општествена област, но и за оние кои сакаат да се припремат дополнително за полагање на одреден испит.
Бројот и времетраењето на часовите се прилагодува на образовните цели кои ќе се одредат при иницијалната средба.