Општ опис на нивоата
Разграничувањето на јазичните нивоа им помага на кандидатите да го одредат нивото кое сакаат да го изучуваат, врз основа на нивните интереси.
Описот на секое јазично ниво, согласно Заедничката европска референтна рамка за јазиците, ги објаснува образовните цели кои треба да бидат постигнати со цел најдобар можен резултат на јазичните испити.
*(при именување на нивоата е следен редоследот на грчката азбука)
Интересите и јазичните потреби на кандидатите од оваа возрасна група ја прикажуваат тематологијата поврзана со самото дете, домот и неговото семејство, училиштето, другарчињата и соучениците и други блиски лица, соседството, просториите и начините за забава.
Кандидатите за ова ниво треба бидат во можност да комуницираат користејќи едноставни јазични конструкции, разменувајќи информации за себе, за другарчињата и соучениците, да ги задоволуваат своите секојдневни потреби (комуникација за купување од училишна менза, трафика итн.), да воспоставуваат комуникација во семејната и непосредната средина (соседство, училиште) за време на своите активности (забава, спорт). Треба да бидат во можност да разберат кратки известувања и да учествува во различните активности следејќи едноставни упатства од родителите, едукаторите и др.
На јазичен план кандидатите за ова ниво поседуваат ограничени средства за справување со основните потреби од повеќето вообичаени секојдневни контексти: еден ограничен репертоар на целосни искази (зборови, изрази и реченици кои ги имаат научено и ги користат како единствени целини) и способност да разбираат и произведуваат кратки, едноставни текстови.
Кандидатите за ниво А1 се очекува да располагаат со способноста да разбираат и употребуваат секојдневни јазични структури кои им се блиски, како и многу основни изрази кои имаат за цел опслужување на конкретни потреби. Треба да се во можност да се претставуваат и да претставуваат други, како и да прашуваат и одговараат на прашања кои се однесуваат на лични податоци, како што се местото на живеење, лица кои ги познаваат и работи кои ги поседуваат. Треба да можат да разменуваат мислења на едноставен начин, но под услов соговорниците да зборуваат бавно и јасно и да се расположени да помогнат во комуникацијата.
Кандидатите треба да се во состојба да разменуваат информации за себе и за блиски лица, да ги задоволуваат своите секојдневни потреби (купување на намирници, контакт со служби), да стекнуваат и одржуваат општествени и деловни контакти (претставување, покани, забава). Кандидатите за ова ниво треба да бидат во можност да комуницираат најпрво усно, особено во меѓучовечката комуникација, но и во онаа каде е потребна употреба на телефон или некое од средствата за групна комуникација.
Следствено на ова, каде што е потребно, кандидатите треба да ја разбираат суштината или/и соодветните детали од текстови напишани на многу едноставен и јасен јазик и на ист начин да можат да се изразуваат и самите писмено.
За ова ниво кандидатите треба да ја поседуваат основната комуникациска вештина, односно да можат да го користат грчкиот јазик при усмен и писмен говор, официјален или пријателски, за да ги покриваат своите секојдневни потреби и комуникациски ситуации. Треба да се во можност да разбираат реченици и изрази кои се појавуваат често и се поврзани со лични и семејни податоци, пазарење, забава итн. Треба да можат да комуницираат користејќи основни јазични вештини при секојдневни состојби/услови, кои бараат едноставна и непосредна размена на информации во врска со познати теми. Уште, треба да бидат во можност да разменуваат информации за познати теми, секојдневие или непосредна потреба.
Кандидатите за нивоата А1 и А2 се карактеризираат како основни корисници на јазикот. Нивото В1 е првото од сите шест нивоа на јазично познавање кое ги карактеризира корисниците на јазикот како независни и може да се смета за клучно ниво. Кандидатите за ова ниво можат да опстојуваат самостојно и функционално во вообичаени комуникациски контексти. Меѓутоа, нивната самостојност зависи во голема мера од добрата соработка на соговорниците.
Кандидатите треба да ја поседуваат способноста да одговараат јазично на ситуации од непосредни секојдневни размени за кои употребата на грчкиот јазик е во голема мера стабилна, предвидлива и се повторува. Во текот на комуникацијата говорителите воспоставуваат и одржуваат општествени и деловни контакти. Во ситуации на непосредна комуникација, говорителите треба да можат да ја разбираат суштината и одредени детали на еден вербален или писмен текст.
Кандидатите треба да ги познаваат уште и соодветните општествени навики, вербални (да ги познаваат јазичните начини за да го привлечат вниманието на останатите, да се обраќаат на своите соговорници, да земаат збор, да ја заокружуваат комуникацијата, да избираат степен на формалност итн.) и невербални (да ги познаваат начините на физички контакт, ракување, бакнување, гестикулации), да бидат запознати до одреден степен со основните карактеристики на современата грчка култура, особено со оние кои се однесува на секојдневниот живот, условите за живот, меѓучовечките односи, општествениот живот, основните вредности и менталитети.
Кандидатите за ова ниво се карактеризираат како независни корисници, со поголема слобода при употребата на јазикот во споредба со кандидатите од нивото В1. Ги имаат подобрено веќе развиените комуникациски вештини кои биле стекнати од претходните нивоа и тоа им дава можност за поголема конкретност при употребата на јазикот. Ја надминуваат во поголема мера јазичната самостојност, поседуваат самокритика во однос на своите јазични грешки, корегираат евентуални лапсузи и ја развиваат способноста на континуиран говор.
Кандидатите треба да ја поседуваат способноста да го користат грчкиот јазик слободно и спонтано, така што комуникацијата со природните говорители да се одвива без притисок и потешкотии. Треба да се во можност да ги разбираат главните идеи околу конкретни, но и апстрактни теми и да манипулираат, исто така, со технички теми кои припаѓаат од областа на личната експертиза. Треба да произведуваат јасен и детален говор во врска со широк спектар на тематики и да објаснуваат одреден став по некое прашање, презентирајќи ги предностите и недостатоците на различни избори.
Исто така, во ова ниво кандидатите треба да бидат во можност да ги управуваат со поголема флексибилност и спремност ситуациите од секојдневната комуникација, кога во нив се појавува некаков проблем или се движат во непожелна насока.
Дополнително, кандидатите за ова ниво треба да ги познаваат и да бидат во состојба да се однесува соодветно, согласно општествените норми, вербални и невербални (вербални гестови на љубезност, степен на формалност или блискост, гестикулации, физичко растојание и физички контакт итн.). Треба да бидат запознати со основните карактеристики на современата грчка култура (услови за живот, општествен живот, основни вредности итн.), да ги распознаваат културните разлики и соодветните навики и обичаи, како и недоразбирањата кои би можеле да настанат заради овие разлики. Се разбира, треба да ги препознаваат најважните општествено-културни разлики кои постојат помеѓу нивното општество и менталитет и соодветните на природните говорители на грчкиот јазик
Кандидатите за ова ниво се карактеризираат како способни јазични корисници. Знаењата постигнати во претходните нивоа им даваат можност да поседуваат ефективно оперативно знаење (Effective Operational Proficiency). Имаат пристап до еден широк јазичен опсег, кој им овозможуваат да комуницираат слободно и спонтано. Воопшто, со леснотија користат непрекинат говор.
Кандидатите треба да ја поседуваат способноста да го разбираат и користат грчкиот јазик до таков степен, што може да одговара јазично на состојби во кои е многу веројатно да се впуштат, било како посетители или како привремени жители на Грција, Кипар или региони каде се користи грчкиот јазик како средство за комуникација (грчки заедници во други земји) или уште доколку среќаваат во својата земја посетители, но и привремени или постојани жители кои го користат грчкиот јазик.
Ситуациите во кои може да се впуштат, освен практичните размени од секојдневниот живот, се оние кои произлегуваат од личната, непосредна комуникација со цел воспоставување и одржување на општествени контакти или посредна или непосредна комуникација за извршување на задачи поврзани со различни области од јавниот живот (компании, образование, заштита итн.).
Поконкретно, кандидатите треба да ја имаат способноста да разбираат еден широк спектар на содржини од усмен или писмен говор, кои се опширни и исцрпни и да препознаваат посредни информации кои се содржат во истите. Треба да бидат во можност да сумираат информации од различни усни или пишани извори, да реструктуираат и да презентираат на кохерентен начин аргументи и појаснувања. Исто така, треба да ја поседуваат способноста да се изразуваат спонтано, без да имаат потреба од пребарување на точните изрази и со степен на формалност или блискост соодветен на секој контекст.
Воопшто, треба да можат да го користат јазикот прилагодливо и ефективно за социјални, академски и деловни цели. Треба да бидат во можност да се изразуваат во врска со комплексни теми со јаснотија, структура, детали, користејќи ги со самодоверба сврзните и континуитетните јазични механизми.
Кандидатите за ова ниво се карактеризираат како „апсолутно способни корисници“ и се во можност да пренесуваат сензитивни семантички нијанси со прецизност, користејќи успешно еден широк спектар на прилагодливи механизми. Познаваат идиоматски изрази и поими од секојдневниот говор, покажувајќи свесност за преносните значења. Се самоевалуираат и самокорегираат со цел да надминат некоја потешкотија, до толку што соговорниците тешко да забележуваат. (Ευσταθιάδης & Τσαγγαλίδης 2007: 45).
Ова ниво на јазични резултати кај кандидатите се карактеризира како особено високо. Не постои никаква потешкотија при разбирање на било каков усен или писмен говор и самите тие можат да произведат јасен, течен и точно структуриран усен или писмен говор. Поседувајќи еден широк вокабуларен репертоар и граматичка контрола врз комплицираните структури, можат да следат или да разговараат слободно и соодветно во сите области од општествениот и личниот живот.
Кандидатите за ова ниво треба да бидат во можност да одговараат на сите комуникациски потреби од било кој контекст, било да станува збор за следење на говор каде што постојат интервенции, промени, шумови од околината, па дури и специфичен изговор кај (со)говорниците, било да се работи за разбирање на лошо испечатен текст или тежок ракопис. Според тоа, се очекува да може да разбираат со леснотија сѐ што слушаат или читаат, вклучувајќи ги и специфичностите на секојдневниот говор, шеги и културолошки коментари. Треба исто така да бидат во можност да ги користат сите извори на информации, усни или писмени, со комоција и веродостојно, на начин што ќе резимираат реструктуирајќи аргументи и описи, творејќи на тој начин конзистентни презентации, да се справуваат успешно со било која тема во писмениот или усниот говор со спонтано изразување и голема слобода и точност, разграничувајќи ги семантичките нијанси дури и во особено комплексни ситуации.