IPA проект кофинансиран од Европската Унија и Националните Фондови на земјите учеснички во IPA Cross-Border Programme
2007-2013
Project Acronym: interACT
Project Title: Interacting through Acting: From drama to contemporary arts
место: Антички театар Хераклеја Линкестис
влез: слободен
организатори:
Андреас Вуцинас- уметничка организација
Мал Драмски Театар- Културна и Уметничка Организација
Пелагонија- здружение за пријателство и соработка со Р. Грција
ЕВРИПИД
РЕС
Трагедијата зборува еден универзален јазик. Еден јазик кој е разбирлив и прифатлив од секој народ и култура. Јазикот на човековите страсти, човековите визии, вечните проблематики…
Во рамките на interact проектот го избравме делото „Крал Рес“ од Еврипид затоа што се работи за едно антивоено дело со најмало сценско присуство и на светската театарска сцена. Во контекст на ова, би можело да се организира една истражувачка работилница во соработка со многу чинители, а во нашиот случај во соработка со прекугранични културни носители…
Во соработка со Уметничката Организација „Андреас Вуцинас“, Културно Уметничката Организација „Мал Драмски Театар – Битола“ и Здружението за пријателство и соработка со Р. Грција „Пелагонија“ пронајдовме заеднички јазик на комуникација во соработка со над триесет глумци кои преку заеднички средби во драмската школа Андреас Вуцинас припремија една претстава со единствена филозофија.
Андреас Вуцинас, чие име почесно го носи Уметничката Организација „Андреас Вуцинас“ е една симболична личност кој како предводник е признат и ценет во Грција и во странство. Како резултат на неговата успешна кариера во Англија, Франција, Америка и Грција во неговата личност беа сплотени многу личности и цивилизации. Токму поради тоа, должни сме кон уметничкото наследство кое ни го остави, да ги чуваме очите на нашиот ум и душа отворени за ваков вид на соработка. Во овој кризен светски пресврт вечните вредности треда да ни бидат прибежиште и спас.
Павлос Данелатос
Режисер, Директор на Вишата Школа за Драмски Уметности „Андреас Вуцинас“
Благој Стефановски
Генерален Директор на „Мал Драмски Театар“
Евгеније Ристевски
Претседател на Здружение „Пелагонија“
Превод (од старогрчки јазик): Елени Меркениду
Превод (од грчки): Томислав Османли
Режија: Павлос Данелатос
Дизајн на сцена и костими: Никос Калајѕидис
Кореографија: Јоана Мицика
Композитор: Оливер Јосифовски
Вокал: Вера Милошевска
Играат: Дипломирани ученици и ученички на Вишата Школа за Драмски Уметности „Андреас Вуцинас“ и глумци од „Мал Драмски Театар“