Употреба на Сертификатот за познавање на грчкиот јазик

На 11 Ноември во коорганизација на Одделот за грчки јазик во Република Северна Македонија и Амбасадата на Хеленската Република во Скопје, беше организиран настан за презентација на можностите кои ги нуди Сертификатот за сертифицирање на познавањето на грчкиот јазик.

Домаќин на настанот беше Амбасадорката НЕ Софиа Филипиду, кој го отвори настанот и ги поздрави присутните, нагласувајќи ја потребата од сертифицирано познавање на грчкиот јазик и потенцијалите кои ги нуди самиот Сертификат.

Овој настан беше наменет, примарно, за предавачите по грчки јазик, кои понатаму ќе ги поттикнат и припремат своите ученици соодветно на современите стандарди за полагање на испитите по грчки јазик за различните нивоа, согласно Заедничката Европска Референтна Рамка за Јазици (ЗЕРРЈ) и тековните наставни трендови.

Особен акцент, од страна на претставниците на Одделот, беше ставен врз корисноста од стекнувањето на сертификат за секое ниво одделно, почнувајќи од А1, па сѐ до С2.

Имено, освен сертификатот за А1 ниво (елементарно познавање на јазикот), кој претставува потврда за солидно поставени основи во изучувањето и реалната употреба на јазикот, сите останати нивоа потврдуваат и се употребуваат во реални општествени контексти.

Сертификатот за ниво А2 (основно познавање на јазикот) се користи за вработување за т.н. „неписмени работи“, како што се возач, општ работник и други, каде од примарен интерес е добрата вербална комуникација и следење и давање на упатства од дејноста.

Сертификатот В1 ниво (просечно познавање) е неопходен за одредени дејности, каде што е потребна недвосмислена, но сепак базична, писмена и усна комуникација, а неговото поседување е предвидено во соодветнтите законски регулативи, во зависност од дејноста.

Сертификатот за В2 ниво (добро познавање), покрај вработување во одредени дејности, е неопходен при запишување на додипломски студии на државните грчки универзитети.

Кандидатите за Г1 ниво (многу добро познавање), се карактеризираат како способни јазични корисници. Знаењата постигнати во претходните нивоа им даваат можност да поседуваат ефективно оперативно знаење (Effective Operational Proficiency).
Сертификатот за ова ниво е неопходен при вработување во јавен сектор во земјите на ЕУ каде е потребно сертифицирано познавање на грчкиот јазик.

Овој сертификат е еден од потребните документи за стекнување со грчко државјанство, кога се исполнуваат предвидените, со закон, услови.

За крај, нивото Г2 (одлично познавање) на јазични резултати кај кандидатите се карактеризира како особено високо. Не постои никаква потешкотија при разбирање на било каков усен или писмен говор и самите тие можат да произведат јасен, течен и точно структуриран усен или писмен говор. Поседувајќи еден широк вокабуларен репертоар и граматичка контрола врз комплицираните структури, можат да следат или да разговараат слободно и соодветно во сите области од општествениот и личниот живот.

Присутните беа информирани, дека пријавувањето за полагање на испитите за стекнување со Сертификатот за грчки јазик се одвива во периодот 1 Февруари до 30 Март секоја година, а испитите се одвиваат во средината на месец Мај, во просториите на Здружението „Пелагонија“ во Битола. Конкретните датуми се објавуваат во моментот на објавување на повикот за аплицирање.

mk_MK