По повод Меѓународниот ден на грчкиот јазик, 9 Февруари, Испитниот центар за грчки јазик „Пелагонија“ организира тркалезна маса под наслов: Аспекти на грчкиот јазик: говор, уметност, наука. Целта на овој настан е споделување на размислувања помеѓу луѓе кои му пристапуваат на грчкиот јазик од различни страни. Се очекува отворен дијалог помеѓу ученици, наставници, лингвисти, природни говорители и љубители на грчкиот јазик.
Јазикот воопшто и грчкиот јазик конкретно беа поврзани со човековиот развоен пат: човекот се раѓа слободен, без оковите кои си ги поставува себеси или кои му ги налага општеството. Како таков, ги искажува своите потреби на примитивен и искрен начин. Како што се развива, го бара своето место во околината: во природата, во семејството, во општеството.
Во првите години од животот се појавува говорот (во најопшта смисла) кој секогаш во почетокот ја следи природата, бидејќи и потекнува од природната способност на човекот да произведува звуци. Овие звуци не се разликуваат по причината за своето постоење од оние на другите животни. Треба да го постигнат посакуваниот резултат: храна, справување со опасност, партнерство, размножување… претставуваат, со други зборови, едно барање, една молба… нешто што во една подоцнежна цивилизација ќе се нарече МОЛИТВА.
И од стадиумот на животно, се движиме кон стадиумот на човекот, како што сакаме да веруваме дека сме се развиле денес, каде започнува артикулацијата на говорот во корелација со мислата. Се развива чувството за „убавото“, за очигледното и милозвучното „убаво“ во говорот и настанува организираниот израз на мислата кој ние луѓето го створивме и го нарековме „јазик“. Значи, јазикот е уметност на говорот.
Во продолжение, како што сите знаеме, се појавува средството за зачувување и пренос на придобивките на умот, т.е. на знаењето, а тоа е писмото. Од тој момент па натаму со брзи чекори се развива НАУКАТА и доаѓа да ги опише од секој можен аспект: говорот, јазикот, уметноста.
Сѐ погоренаведено е заедничко за сите јазици во светот. Но што посебно содржи грчкиот јазик па денес сме толку многу на нашата планета што го обожуваме? Зошто грчкиот јазик претставува синоним на поимите „мудрост“, „историја“, „цивилизација“?
Да не е можеби бидејќи од многу рано го придружуваше човекот и го замислуваме како една вечно витална старица која ги носи сеќавањата на светот?!
На настанот, покрај членовите на Здружението, гостуваа и имаа свои обраќања:
Со физичко присуство:
– д-р Анастасиа Танампаси, историчар на образованието
– Катерина Пранентси, од Центарот за Грчки Јазик од Тесалоники
– Ставрула Маврогени, балканиолог, професорка на Универзитетот Македонија во Тесалоники
– Ставрос Камарудис, лингвист, професор на Аристотеловиот Универзитет, Универзитетот на Западна Македонија, член на Францускиот Институт во Тесалоники, визитинг професор на Универзитетот Париз IV, Сорбона
– генералниот конзул на Република Грција во Битола, Ахилеас Ракинас
Далечински (со помош на skype)
– Спирос Армостис, лингвист, професор на Кипарскиот Универзитет и Отворениот Универзитет на Кипар
– Кирјакос Стефанопулос, граѓански активист од Португалија