Луѓето започнале да живеат во заедници со цел да си помагаат еден на друг и да се надополнуваат секој со своите посебни способности. Денес, заедницата се нарекува општество.
Од таму, да се служи на општеството значи да се биде служен од општеството.
По иницијатива на нашето Здружение, а во соработка со Лајонс Клуб „Битола“ од Битола и Здружението „Картериа“ од Тесалоники, на 16.04.2016 беше организиран хуманитарен концерт на мандолинскиот оркестар „Стив Наумов“ од Битола и хорот „Екфраси“ од Тесалоники. Центарот за култура од Битола ја отстапи својата голема сала бесплатно за овој настан.
Влезот на настанот беше бесплатен, а беа поставени кутии за донации на влезот од салата, каде гостите оставаа паричен прилог наместо влезница, со минимален прилог од 50 денари.
Иако првично беше предвидено средствата да се донираат за купување на облека за децата без родители од Битола, на крајот, во координација со Домот за деца без родители од Битола, собраните парични средства во износ од 12.000 денари беа наменети за набавка на медицински и хигиенски материјали кои ги покрија потребите на домот за период од една година.