Традиционален настан кој прв пат се одржа по заедничка иницијатива и во соработка со Alliance Française de Bitola.
На настанот присуствуваа гости и учесници, љубители на странските јазици. Се разговараше на широк спектар од теми поврзани со изучување на странските јазици воопшто, но и студии во странство и можности за стипендирање.
На настанот беше присутен и професорот Ставрос Камарудис, одликуван со титулата Витез на Редот на Академските Палми (Officier dans l’Ordre des Palmes académiques) од Француската Република, професор по лингвистика на универзитети во Грција и Франција, член на Францускиот Институт во Тесалоники. Неговото обраќање беше следено со голем интерес, а неговата непосредност ги воодушеви и мотивираше присутните средношколци.
Целта на настанот беше здружување и размена на искуства помеѓу присутните, но и поттикнување на изучувањето на странски јазици на начин кој вклучува директно запознавање со културата на земјата чиј национален јазик претставува изучуваниот. Особен акцент беше ставен на можностите за студирање и во некоја странска држава и имплементирање на таму стекнатите познанства и искуства во нашиот град.