Завршни сертификати 2022

На 13 Јули 2022, во обновениот надворешен простор на нашиот Центар беа доделени завршните сертификати за изминатата учебна година.

Иако, заради периодот на годишни одмори, некои од учениците отсуствуваа, малиот, но значаен за најмалите ученици, настан се реализира во позитивна атмосфера. Учениците, преку танцови точки припремени од нив самите, приредија прекрасно изненадување за присутните родители и гости.

Доделените сертификати се од голема важност за следење на напредокот на учениците и се од интерен карактер. Тие, пред сѐ, придонесуваат за мотивацијата на учениците од првите одделенија на основното образование и претставуваат препознавање на вложениот труд во изминатата година.

Дополнително, годинава беа доделени и сертификати за активно учество во вонредните активности на нашето Здружение, кои дополнително ги развиваат социјалните вештини кај децата. Заради непријатностите со кои се соочи целиот свет, а предизвикани од CoViD 19-пандемијата, во последниот период посветуваме особено внимание на групни интеркултурни активности.


Програмата на настанот кој имаше цел да го заокружи едукативниот дел од учебната 2021/2022 година, беше дополнета и со два рецитали. Давид Козаров (15) ја интерпренираше поемата «Απολείπειν ο Θεός Αντώνιον» („Богот го напушти Антониј“) од грчкиот поет Константинос П. Кавафис (1863-1933), песна која зборува за носталгичноста на некогаш славните градови.

Михаела Секуловски (14), ја прочита сопствената песна «Οι ομορφιές του Χειμώνα» („Убавините на зимата“), која оригинално ја напиша на грчки јазик за време на минатогодишниот настан „Слушнете ја мојата поезија“. Нејзината песна зборува за топлите емоции и детската радост која ја предизвикува зимата, но и за носталгијата предизвикана од заминувањето на птиците.

 

mk_MK