Здружението „Пелагонија“ и оваа јубилејна 25та година од своето постоење, го организираше својот, четврт по ред, годишен настан за одбележување на Светскиот ден на грчкиот јазик, 9 Февруари, во Република Северна Македонија.
Годинава, после две години далечинско поврзување, на задоволство на учесниците овој празник на грчкиот јазик се одржа на хибриден начин. Повеќе од 70 гости од двете земји, Северна Македонија и Грција, допатуваа во Битола за да ги проследат обраќањата на поканетите говорници. Дел од учесниците, заради оправдани причини, ја имаа можноста да проговорат за својот пристап кон грчкиот јазик од местото во кое се наоѓаа. „Грчкиот како метајазик“ беше годинешната главна тема, инспирирана од секојдневните аспекти на јазикот.
Централни говорници беа професорт по лаографија и антропологија на Универзитетот во Јанина, Василис Нициакос, професорот на факултетот за фини уметности од Флорина, Харис Контосфирис, како и писателот Стефанос Ксенакис од Атина. Аспектите од кои пристапија тројцата говорници, секој од свој аспект, поттикнаа размислување и прашања на крајот од настанот, кои вродија суштински дискусии по завршувањето на самиот настан.
Професорот Нициакос особено се осврна на интернационалната улога на грчкиот јазик, кој заради своето историско присуство во западниот свет придонел, и сеупте придонесува во дефинирање на научните поими, притоа претставувајќи една безгранична алатка која отскокнува од локалната функција на еден национален јазик. Еден од аспектите кои се малку познати на широката јавност, беше воочен од страна на професорот Харис Контосфирис, кој преку примери од уметнички дела се потруди да ја насочи публиката кон размислување за различните избори на уметничко изразување и комуникација на уметниците со уживателите во нивните дела, преточувајќи ги линиите и боите на визуелните уметности во зборови, со што ја истакна неделивоста на визуелното со говорното изразување. Писателот Ксенакис, како експерт за мотивација на индивидуата, преку сликовити примери од секојдневието на лица кои често пати остануваат на маргините од нашата перцепција, ја долови моќта на зборот кој темелно може да го промени микросветот- чин кој сам од себе предизвикува промени на глобално ниво.
Поздравни говори одржаа Генералниот конзул на Грција во Битола, г. Александрос Видурис, Претседателот на Здружението „Пелагонија“ г. Евгениј Ристевски, беше проектирана пораката на Генералниот секретар за јавна дипломатија на Република Грција, Јоанис Хрисулакис. Исто така, се обрати и Директорката на Институтот за Грчки јазик проф. Елени Грива, наш долгогодишен соработник и поддржувач на наставниците по грчки јазик во Република Северна Македонија преку семинари за подобрување на квалитетот на наставата, кои се организираат периодично во соработка со Здружението „Пелагонија“.
На крајот од настанот беа доделени сертификатите за познавање на грчкиот јазик, на учесниците во последната испитна сесија на нашиот испитен центар.
Здружението се заблагодарува особено на волонтерската поддршка при реализацијата на овој настан на своите членови:
- Давид Козаров- кој го фотографираше неуморно целиот настан
- Дамјан Козаров
- Рула Чаламани
- Марија Василевска
Во продолжение можете да го проследите настанот во целост: