9 Февруари, Светскиот Ден на Грчкиот Јазик, по петти пат беше одбележан во Република Северна Македонија. Домаќин на настанот беше Генералниот Конзул на Грција во Битола, во соработка со Здружението „Пелагонија“ .
Настанот беше одржан во церемонијалната просторија на Генералниот Конзулат на Грција во Битола. Повеќе од 50 гости од двете земји, Северна Македонија и Грција, допатуваа во Битола за да ги проследат обраќањата на поканетите говорници. Темата на настанот годинава беше „Грчкиот јазик надвор од границите на Грција: неговиот придонес и перспективи“.
При отворањето на настанот домаќинот, Генералниот Конзул на Грција во Битола, г. Александрос Видурис ја објасна причината заради која токму овој ден е избран и посветен на овој прастар јазик. 9 Февруари е денот кога се упокоил националниот грчки поет, Дионисиос Соломос, кој, како што рече домаќинот, иако по раѓање грк, и самиот бил двојазичен, а грчкиот јазик го научил подоцна во животот. И покрај тоа, успеал да го совлада до тој степен што станал, не само еден од најзначајните поети во поновата европска историја, туку и грчката држава дел од неговите стихови ги избрала како своја национална химна.
Централна говорничка годинава беше проф. Елени Грива, професорката по применета лингвистика, специјализирана во областа на наставата на грчкиот јазик како втор/странски и справување со двојазичност/повеќејазичност кај учениците, при Универзитетот на Западна Македониа, на којшто ја завзема функцијата на Проректор за меѓународна соработка.
Централна оска на нејзиното обраќање беше позицијата на грчкиот јазик на светската мапа на јазици, како и придонесот на овој сеприсутен јазик во науката, но и човековото секојдневие.
Во врска со изучувањето на грчкиот јазик, како и неговата корелација со македонскиот јазик, говореше одговорниот за настава и сертифицирање на познавањето на грчкиот јазик во Република Северна Македонија, Кристијан Велјанов.
Поздравни говори одржаа и Амбасадорката на Р. Грција во Скопје, Софиа Филипиду, Претседателот на Здружението „Пелагонија“ г. Евгениј Ристевски, а беа прикажани видео пораките на Заменик министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Котсирас и Генералниот секретар за јавна дипломатија на Република Грција, Јоанис Хрисулакис.
Дополнително, на овогодинешниот настан, Генералниот Конзул ја објави веста дека на самиот тој ден утрото е потпишаното од страна на надлежниот министер позитивното решение со кое одделот за настава на грчкиот јазик при Здружението Пелагонија за настава се прогласува за Оддел за Грчки Јазик и Култура во Република Северна Македонија на Министерството за Образование на Грција.
На крајот од настанот покрај сертификатите за познавање на грчкиот јазик на учесниците во последната испитна сесија на нашиот испитен центар, од страна на Претседателот на Здружението, во знак на благодарност за долгогодишната соработка, а по повод јубилејот 25 години постоење на Здружението Пелагонија, беа доделени плакети на професорката Елени Грива и г-ѓата Христина Петалоти, надлежна за реализација на меѓународната соработка при Универзитетот на Западна Македониа.
Здружението се заблагодарува особено на волонтерската поддршка при реализацијата на овој настан на своите членови:
- Марија Василевска- наставничка по современ грчки јазик како странски
- Давид Козаров- фотографија
- Дамјан Козаров-техничка реализација
Во продолжение можете да го проследите настанот во целост: