Културна екскурзија

Нашето Здружение, со поддршка на Alliance Française de Bitola, оранизираше еден пријатен викенд во Тесалоники на 23 и 24 Јануари. Цел на оваа посета беше запознавањето и соработката со училиштето Полидромо и Францускиот Институт во Тесалоники.

Училиштето „Полидромо“ претставува мешовита научна група со особен интерес за контактите помеѓу јазиците, мултикултурализмот и меѓукултурното образование, а соработува особено тесно со родители, граѓани, општествени организации.

Во рамките на оваа посета беа посетени:

– Византискиот музеј на Тесалоники

– Горниот Град (стариот град на Тесалоники) и Тврдините

– храмот Влатадон

– Францускиот Институт, каде се сечеше традиционалната новогодишна пита (вртење на парето)

– Култирни споменици на градот

При оваа посета се запознавме одблиску со некои непознати страни на градот Тесалоники.

mk_MK