Studies in Greece: fusion of knowledge and experience

На 9 Април 2022, од страна на Здружението „Пелагонија“ беше организиран вториот по ред годишен настан за претставување на можностите и начините за студирање на високообразовни институции во Република Грција пред јавноста на Република Северна Македонија.

Во продолжение на минатогодишниот особено успешен и прв од ваков вид настан, годинава по втор пат беше организирана презентација на студиите од грчки високообразовни институции. Следејќи го интересот на потенцијалните студенти за академската 2022/2023 година за упис на грчки универзитети, оваа година беше одлучено фокусот да се стави на претставување на конкретни студиски области.

Преку разговори со матуранти од Република Северна Македонија, беа избрани четири студиски области, и тоа Технички науки, Информатика, Уметност и Странски јазици на додипломски и последипломски циклус на студии. На овогодинешниот настан, исто така, беше ставен особен акцент на прашања од публиката, заинтересирани ученици и родители, на кои беа повикани да одговорат претставниците на соодветните факултети.

Освен преку директно учество на самиот настан организиран преку платформата Zoom, настанот во живо се пренесуваше и преку YouTube каналот @PelagoniaAssociation.

На овој настан, насловен “Studies in Greece: fusion of knowledge and experience”, годинава за прв пат беа присутни и професори од македонски универзитети. Деканот на Музичката Академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, професорот Антонијо Китановски ја поздрави иницијативата и ги покани своите колеги од Република Грција на соработка и развој на мобилноста помеѓу младите од двете земји. Професорката Соња Чаламани од Техничкиот Факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, исто така ги поздрави присутните како и постоењето на настани од ваков тип, за продлабочување на академските соработки помеѓу двете земји. Професорот Сашо Поповски, во своето обраќање до присутните, направи мал осврт на можностите кои ги нуди Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, со цел идни заеднички проекти во полето на музиката.

Во воведниот дел, на покана на организаторите на настанот, свои поздравни говори имаа професорот Јоанис Хрисулакис, Државен Секретар за Јавна Дипломатија при Министерството за Надворешни Работи на Република Грција, Генералниот Конзул на Република Грција во Битола, Н.Е. г. Александрос Видурис, Шефот на канцеларијата за Јавна Дипломатија на Амбасадата на Република Грција во Република Северна Македонија г. Константинос Прокакис, Генералниот Директор за Високо Образование при Министерството за Обраазование на Р. Грција г. Панајотис Јанопулос и Претседавачот на Советот на Ректори на Грчките Универзитети и Ректор на Универзитетот во Јоанина, професорот Триантафилос Албанис. Свое обраќање на настанот имаше и професорката Елени Грива, директорка на Институтот за Грчки Јазик при Истражувачкиот центар „ТЕМЕНОС“, која зборуваше за нашата долгогодишна соработка и важноста на ваквите соработки за подобра комуникација помеѓу академскиот свет од двете земји.

Според редоследот на претставување, беа претставени следниве факултети од страна на професори од соодветните факултети или оддели:

Оддел за хемиско инженерство, вонреден професор Захариас Фронтистис

Оддел за инженерство на минерални суровини, професор и претседател на одделот Јоанис Капагеридис

Оддел за машинско инженерство, доцент професор Јоргос Панарас

Оддел за производи и инженерство за дизајн на системи, професор Панајотис Киратсис

Оддел за електротехника и компјутерско инженерство, доцент професорка Ставрула Тавултзиду

Оддел за информатика, вонреден професор Димитриос Вергадос

Факултет за информатика, професор Јоанис Стамелос

Оддел за фини и применети уметности, вонреден професор Константинос Василиу

Оддел за странски јазици, превод и толкување, вонреден професор Јоанис Карас

Оддел за американска литература и култура, професорка Зои Детси

 

Координатор на настанот беше професорот по грчка филологија и одговорен на Испитниот центар за сертифицирање на познавањето на грчкиот јазик за Република Северна Македонија, Кристијан Велјанов.

mk_MK