#StudyingMotivation: Why is Greece a top university destination?

На 6 Мај 2023, од страна на Здружението „Пелагонија“ беше организиран третиот по ред годишен настан за претставување на можностите и начините за студирање на високообразовни институции во Република Грција пред јавноста на Република Северна Македонија.

Следејќи го интересот на потенцијалните студенти за академската 2023/2024 година за упис на грчки универзитети, оваа година беа претставени 5 универзитети, при што особен акцент се стави на меѓународните соработки и отвореноста кон странски студенти.

Заинтересираните студенти имаа можност да постават прашања на крајот од настанот, кои беа одговорени од страна на претставниците на универзитетите, од кои најголем интерес и дебата предизвикаа прашањата во врска со целосно или делумно стипендирање на студии, како и можностите за посетување и престој на летни школи за јазик и други активности.

Sophia Philippidou, Ambassador of the Hellenic Republic to the Republic of North Macedonia

Освен преку директно учество на самиот настан организиран преку платформата Zoom, настанот во живо се пренесуваше и преку YouTube каналот @PelagoniaAssociation.

Alexandros Vidouris, Consul General of Greece in Bitola

Во воведниот дел од овој настан, насловен „#StudyingMotivation: Why is Greece a top university destination?“, на покана на организаторите на настанот, свои поздравни говори имаа амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, НЕ г. Софиа Филипиду, Генералниот Конзул на Република Грција во Битола, г. Александрос Видурис и Генералниот Директор за Високо Образование при Министерството за Обраазование на Р. Грција г. Панајотис Јанопулос.

Panagiotis Giannopoulos, General Director for Higher Education of the Ministry of Education of the Hellenic Republic

Според редоследот на претставување, во целост беа претставени следниве универзитети од страна на нивните претставници:

Универзитет на Јонските Острови, професор Јоанис Карас

Универзитет Македониа, професοр Јанис Карас

Универзитет на Западна Македониа, г. Христина Петалоти

Универзитет на Атина, г. Матеос Пантувакис

Американска Земјоделска Школа, г. Константинос Пилианидис

Координатор на настанот беше професорот по грчка филологија и одговорен на Испитниот центар за сертифицирање на познавањето на грчкиот јазик за Република Северна Македонија, Кристијан Велјанов.
—–
Technical organisation & support: Damjan Kozarov
Organisation assistant: Marija Vasilevska
Program assistant: Rula Chalamani
mk_MK