Семинар за обука на наставници

Во Сабота, 22 Октомври 2022, заврши вториот циклус на семинарот за обука на наставници, „НАСТАВА ПО ГРЧКИ КАКО Ј2/СЈ: Техники и Стратегии за развој на јазичните вештини“. Оваа втора средба беше посветена на презентацијата на наставни сценарија од страна на самите наставници, врз основа на новиот пристап и начини на настава на странските јазици на меѓународно ниво, предавањата на обучувачите, но пред сѐ врз основа на посебностите на ученичката публика на наставниците од различни области на Република Северна Македонија. Семинарите за обука на наставници за наставата по грчки јазик како Ј2/СЈ претставуваат уште една соработка помеѓу Институтот за Грчки Јазик (Истражувачки Центар ТЕМЕНОС) при Универзитетот на Западна Македонија (УЗМ) и Асоцијацијата Пелагонија од Битола.

Наставниците, од секој дел од земјата кој беше претставен, ги презентираа следните теми:

Фонологија: Фонови- како ги читаме и како ги изговараме. Василевска Марија, Битола.

Програма за изучување на грчкиот како странски јазик кај деца од 9-12 и од 12-15 години. Лазариду Фани, Прилеп

Практични примери за компетенции и стратегии за разбирање на говор при далечинска настава на грчкиот како странски јазик кај деца од 5-6 години. Карајанова Дулевска Драга, Гевгелија

Дојдете да ја запознаеме Грција: Разбирање на говор при наставата по грчки јазик како странски кај возрасни, Б1 ниво. Рајкоска Венка, Битола

Настава по грчки како странски јазик: А1/А2 нив: Нашиот клас. Абаџи Оли, Крушево

Техники и стратегии за развој на јазични способности: Во ресторан- храна. Јовановски Димитар, Скопје

Академската координација на семинарот ја имаше проф. Елени Грива, Директорка на Институтот за Грчки јазик при УЗМ. Професорите и истражувачи од УЗМ: Д-р Елени Коросиду, Д-р Јоана Кајафа, Д-р Константина Илиопулу, г. Спирос Бурас и проф. Елени Грива, ги следеа презентациите на наставниците со кои разменија искуство. Одговорниот на Испитниот центар за сертифицирање на познавањето на грчкиот јазик за Република Северна Македонија, Кристијан Велјанов, ги извести наставниците за важноста на стекнувањето на еден Сертификат за познавање на Грчкиот јазик, како и за улогата на истиот како цел во процесот на изучување на еден странски јазик. На крајот, презентациите на наставниците ги поздрави срдечно Генералниот Конзул на Република Грција во Битола, г. Александрос Видурис, кој ја истакна важноста на соработката помеѓу институции од двете земји, известувајќи ги учесниците за уште многу можности за нејзин развој.

mk_MK